• Location pin
  • ул. „Трета Македонска Ударна Бригада“ бр. 9
  • Facebook link
  • Instagram link
  • YouTube link

Училишна Заедница

Почетна/Училишна Заедница

Ученичката заедница претставува легитимно тело кое ги застапува и претставува ставовите на учениците во рамките на Раде Јовчевски - Корчагин“ Скопје.

Нејзината улога е да работи за подобрување на училишната атмосфера, подобрување на ученичките односи, реализирање на иницијативи, развивање на креативни идеи и коцепти и решавање на проблемите со кои тие се соочуваат.

Визија на Ученичка заедница при СУГС ,, Раде Јовчевски - Корчагин“:

Ученичката заедница при СУГС Раде Јовчевски - Корчагин“е самостојно и рамноправно, легитимно тело кое на демократски начин, соработува со училиштето и е консултирано при носењето на одлуки поврзани со учениците.

Мисија на Ученичка заедница при СУГС ,, Раде Јовчевски - Корчагин“:

Ученичката заедница при СУГС Раде Јовчевски - Корчагин“ ги застапува потребите, интересите и ставовите на учениците пред училиштните служби и притоа ги изнаоѓа и решава нивните проблеми и предизвици во соработка со стручните и раководните служби.

Визија на Ученичката заедница при СУГС ,,Раде Јовчевски - Корчагин“ за следните 4 години:

Ученичката заедница е препознатливо преставничко тело кое ги застапува правата и интересите на учениците и учествува во креирањето на учиничката политика во училиштето. Таа е составена од активни членови кои постојано одржуваат комуникација со училиштните тела и притоа во нејзиниот состав влегуваат сите видови на ученички здружувања. Постојано ги следи младинските трендови и одржува комуникација со странки и организации.