• Location pin
  • ул. „Трета Македонска Ударна Бригада“ бр. 9
  • Facebook link
  • Instagram link
  • YouTube link

За Нас

Почетна/За Нас

62

години

120+

вработени

1000+

ученици

36

паралелки

СУГС “РАДЕ ЈОВЧЕСКИ - КОРЧАГИН”

Училиштето за средно образование СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ - Скопје, како самостојно училиште постои од 01.12.1960 година како 4-та Скопска гимназија. Гимназијата е основана со акт Решение број 17084 на Народен одбор на Скопската околија. Гимназијата почнува со работа веднаш во учебната 1960/61 год. До 1978 год. гимназијата работи со овие две насоки кога има нова верификација под ФИ број 1700/78 од 03.01.1979 год. и има три насоки: - математичко физичка, општа насока и општествено - научна. Од 1984 год со решение за верификација број 11- 3625/1-83 од 10.10.1984 год. на Републички комитет за образование и наука од гимназија преоѓа во насочено образование и во училиштето се образуваат кадри од IV степен од:
- математичко - информатичката струка
- физичко - техничката струка
Системот на насочено образование претрпе одредени измени во смисла што беа намалени бројот на струките и Училиштето во системот доби нова верификација со Решение број 1145/1 од 5.7.1990 година на Републичкиот комитет за образование и физичка култура за образование на кадри од 4- ти степен за природно - математичка струка. Како природно - математичка гимназија работи од учебната 2001/02 кога со спроведувањето на Реформираното гимназиско образование со акт бр. 09-2435/1 од 15.5.2004 г. на Министерството за образование и наука, Гимназијата ,,Раде Јовчевски-Корчагин”-Скопје, работи како средно училиште на Градот Скопје со гимназиско образование во кое наставниот процес се реализира преку подрачјата:
- природно - математичко,
- општествено - хуманистичко и
- јазично - уметничко подрачје.

Статистички податоци за општинската средина

Гимназијата се наоѓа во општината Центар, која што воедно е и една од најубавите урбани средини на градот Скопје. Вкупното население во оваа општина изнесува над 45500 жители. Локација СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин” се наоѓана ул. Трета Македонска Ударна Бригада бр. 9, Центар, Скопје, во непосредна близина на Олимписки базен. Професионализмот, високите критериуми на работа ја одржуваат гимназијата на врвот. Освен во државата, постигнува високи резултати и на меѓународно ниво. Во својата образовна и културна мисија низ децениите, оваа гимназија, која го носи епитетот на најдобра меѓу најдобрите, прерасна во достоен репрезент на она што се нарекува вистински избор во образованието. За многуте децении постоење и непрестан развој на воспитно-образовниот процес, гимназијата прерасна во модерно училиште според сите европски стандарди.

Ресурсите на училиштето

Простории и корисна површина

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин”, Скопје, располага со училишна зграда од 5532 м/2 со подрум, приземје и еден кат и фискултурна сала од 666 м/2. Училиштето е оградено со цврста железна ограда со што во голема мера се зголемува сигурноста за непречено одвивање на наставата, како и можноста од искористување на капацитетите во вечерните часови. Во дворот на училиштето е поставена биста на нашиот патрон Раде Јовчевски- Корчагин и донирана биста од наставникот по ликовна уметност Сашо Саздовки, која исто така се наоѓа во дворот на училиштето.

Опрема

За поквалитетна и попродуктивна настава, Гимназијата располага со повеќе наставни помагала и дидактички материјали. За организирање на покреативна настава, од техничката опрема, училиштето е опремено со компјутери, 2 училници комплетно опремени со компјутери, смарт табли, компјутери во секој наставнички кабинет, по еден печатач со фотокопир, принтер и скенер во секоја канцеларија, компјутери и принтери со скенер во наставничката канцеларија, печатачи со скенер и фотокопири, смарт табли, проектори, проекциони платна, сите кабинети се опремени со сите потребни нагледни средства и помагала.

Нашата мисија

Нашата мисија

Нашето училиште обезбедува сигурна и безбедна средина во која промовираме учење по пат на разбирање и каде се развиваат вештините со примена на современа образовна технологија и подготовка за мултикултурно општество. Училиштето обезбедува:Еднакви можности за учење и напредување, Достигнување на перфекција во рализацијата на училишниот курикулум, Поврзаност и содејство со други воспитно-образовни институции, Придобивки од рекреативните активности, Флексибилност за учениците, Современи услови за работа Здрава училишна клима

Нашата визија

Нашата визија

Училиштето ќе биде средина во која ќе се одвива ефективна и квалитетна настава, ќе има отворена соработка за сите субјекти инволвирани во воспитно-образовниот процес, еднакви можности на сите ученици, тимска работа, почитување на разликите и создавање клима за доживотно учење. Р.Ј.Корчагин ќе биде стимулативна средина за нови знаења каде современите образовни трендови и технологии ќе бидат во функција на нашите потреби и сите заедно, наставници, ученици, родители, ќе бидеме модели на добри граѓани и заслужни за новите постигнувања.

Нашите цели

graphic-elementgraphic-elementgraphic-element
Oпшти цели

- здобивање знаења, умеења и навики;
- развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите;
- воспитување на младите за одговорно лично и општествено живеење ;
- воспитување кое подразбира развој на критичка мисла, толерантност, конструктивност и креативност;
- оспособување за вклучување на работа, односно за продолжување на образованието;
- развивање свест за чување на здравјето, заштита на природата и човековата средина;
- поттикнување и забрзување на развојот на посебните интереси и способности кај младите;
- подготвеност за доживотно учење.

Посебни цели

- опремување на училиштето со современи наставни средства;
- подобрување на квалитетот на наставата преку воведување современи наставни методи, форми на работа и наставни средства;
- зголемување на степенот на мотивираност и одговорност кај учениците за сопствениот напредок;
- активна улога на учениците во наставата;
- зголемување на нивото на компетентност на наставниците за успешна комуникација со учениците;
- подобри интерперсонални односи;
- подобра соработка со родителите;
- подобрување на редовноста на наставниците и учениците.

Развојни цели

- поголема соработка со социјалните партнери;
- употреба на компјутерската опрема во училиштето;
- доопремување на училниците и кабинетите;
- зголемена соработка меѓу активите во наставните и воннаставните активности;
- зголемена активност во меѓународните, државните, градските и невладините проекти;
- зголемена активност во хуманитарните случувања;
- зголемена комуникација и соработка со родителите;
- зголемена активност за меѓуетничка толеранција и соработка;

Реализација на целите

- надминување на традиционалната настава;
- навремена и целосна информираност;
- постојана комуникација со МОН и БРО;
- залагање на раководниот тим за склучување соработки со разни стопански субјекти;
- партиципативно одлучување;
- ефективно водење состаноци;
- заемно почитување и доверба;
- отворена комуникација;
- водење грижа и одржување на опремата;
- особено залагање на наставниците за примена на современите начини на образование;
- дополнително воннаставно ангажирање на наставниците за сите проекти, хуманитарни акции и поттикнување за самостојно предлагање на училишни и вонучилишни активности

Раде Јовчевски – Корчагин (1919-1943)

Народен херој

Раде Јовчевски бил роден на 14 август 1919 година во Скопје во скромно занаетчиско семејство. Неговиот татко Коста бил познат скопски чевлар. Своето основно образование Раде го започнал во месното скопско училиште и бил солиден ученик. Иако Раде сакал да го продолжи своето образование, сепак поради сиромаштијата тоа не му било овозможено и морал да почен да изучува занает. Раде Јовчевски се помирил со тоа и решил да почне да изучува некој занает кој ќе биде поплатен и постабилен од тој на татко му. Така, во 1933 година почнал да го посетува училиштето за трговска младина како кожарски работник. Корчагин работел и изучувал занает цели три години, но откако завршил со обуката тој не нашол работа во Скопје. Поради тоа, Раде Корчагин заминал за Белград. Таму нашол работа по занает и се зачленил во кожарскиот и крзнениот синдикат. Тогаш се стекнал и со прекарот „Корчагин“, по јунакот во романот „Како се калеше челикот“ од Николај Островски Бидејќи се покажал како вреден и одлучен човек, Раде Корчагин бил назначен за секретар на синдикатот во 1938 година, а веќе во 1939 година станал и член на Комунистичката партија на Југославија.

Rade Jovcevski Korcagin